Број на текстови објавени денес: 2
Subscribe to RSS
topbaner2332

Владата влезе во војна со империјата на Орце Камчев

прочитано 7,061 пати
16-04-2013 13:46:16

Владата на Република Македонија, во врска со написот објавен во денешното издание на печатениот весник Дневник, со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки“, со соопштение реагира да не се дискредитира и напаѓа ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

– Изразуваме задоволство што во написот објавен во весникот Дневник, инаку дел од компанијата МПМ, единствено нешто што е најдено како слабост или пропуст за ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е обелената облека на бебињата поради честото перење и одржување на хигиената, се наведува во соопштението.

orce kamcev

Од Владата потсетуваат дека сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите.

Во тие обиди, понекогаш немајќи посилни аргументи, весниците на МПМ, се додава, наоѓаат што било само со цел да ги омаловажат државните клиники и да ги убедат граѓаните да ги користат нивните приватни услуги, се наведува во соопштението.

- Со оглед дека весниците во сопственост на МПМ никогаш немаат напишано нешто негативно за приватната болница Систина и ништо позитивно за државните клиники и болници, би сакале во оваа прилика да ги прашаме зошто токму гинеколошкиот дел од Систина сите комплицирани и потешки случаи веднаш ги препраќа на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје каде облеката е обелена од перење? Зошто многу случаи за кои може и документирано да се докаже, откако ги третираат извесно време во моментот кога ќе дојде до компликации веднаш ги испраќаат на државната клиника? Дали затоа што новите пижами и шпилхозни во Систина не се доволни за да направаат сложени и ризични интервенции кога воопшто не е важно ништо друго освен стручноста и совесноста?, се истакнува во соопштението од Владата на РМ.

Во него се додава дека приватната болница Систина е болница во која е прилично инвестирано и веројатно постојат поетички начини и стандарди да привлечат пациенти отколку тоа да се прави преку дискредитација на јавното здравство.

12 коментари

Либертас нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. Либертас нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза.

Останати вести

Солидарност: Ниту ден повеќе за оваа Влада без легитимитет!

Солидарност: Ниту ден повеќе за оваа Влада без легитимитет!

Итното заседание на Советот на ЛД Солидарност одржано на 6 Март 2015, по повод последните објавени снимки од разговорите на македонскиот политички врв, го донесе следново соопштение: ЛД Солидарност со шок и неверување ги проследува последните политички случувања во Македонија. Фрапирани од нечовечноста, подлоста и злоупотребите на владеачката врхушка, ние се согласуваме со мнозинството граѓани

ПЦЕР: Згрозени сме од расизмот и омразата на Јанкуловска кон ромите

ПЦЕР: Згрозени сме од расизмот и омразата на Јанкуловска кон ромите

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) соопшти дека е крајно згрозена од телефонските разговори на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и директорот на УЈП, Горан Трајковски, презентирани на денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата. – Во неколку наврати може да се слушне како Јанкулоска ги омаловажува Ромите, нарекувајќи ги „Цигани“, кои дури ќе

Излезе вториот број од “Гласот на студентите”

Излезе вториот број од “Гласот на студентите”

Студентскиот пленум вечерва го објави второто издание на нивниот онлајн весник „Гласот на студентите“. Отсега онлајн весникот има и албанска верзија, а неговата содржина се однесува на сите аспекти околу законот за високо образование за кои се залагаат Пленумци изминатиов период. Во вториот број, на неколку страници се објаснува епилогот од првите преговори на министерството

Прилепчани до Јанакиески: Со кое лице бе Миле ќе се појавиш пред нас

Прилепчани до Јанакиески: Со кое лице бе Миле ќе се појавиш пред нас

Како што објавува порталот Револуционер.мк вечерва добиле писмо од револтирани прилепчани кои што ги слушнале денешните разговори кои ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, а се однесуваат на изборните нерегуларности т.е. системска кражба на гласови. Во тие разтовори министерот Јанакиески безобразно ги пцуе и своите сограѓани, прилепчани. Во продолжение еве го писмото што го

„Тренд“ на 24 Вести: Економските проблеми – во тајни разговори?

„Тренд“ на 24 Вести: Економските проблеми – во тајни разговори?

За девет години, вклучувајќи ја и оваа 2015-та години, преку буџетот се потрошиле 22 милијарди евра. Од година во години трошењето растело, заедно со задолжувањата. Како се полнеле и празнеле буџетите? По објавените снимки на опозицијата поврзани со буџетските трошења, универзитетексиот професор и еден од поранешните министри за финасии, Никола Поповски, во интревју за 24

Заев вети дека ќе се дознае вистината и за пописот

Заев вети дека ќе се дознае вистината и за пописот

-Постојат снимки од кои причини е прекинат пописот. Внимателно ќе го следите целиот овој процес којшто го водиме, ќе слушнете и за таа работа – вети лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како одговор на прашањето, дали има снимки кои покажуваат кога е прекинат пописот на населението. Одговорите на новинарските прашања интегрално: П1: Господине Заев, како ги

Жерновски до Јанкулоска:  Имај барем малку достоинство и дај си оставка

Жерновски до Јанкулоска: Имај барем малку достоинство и дај си оставка

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, набргу по обелоденувањето на седмата „бомба“ од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која се слушаат разговори кои договараат изборна измама во општина Центар, побара оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. „Само едно не ми е јасно- како можеш да се слушаш на снимкиве и сé уште

ГАЛЕРИЈА: #Mоја Македонија предизвика револт на социјални мрежи

ГАЛЕРИЈА: #Mоја Македонија предизвика револт на социјални мрежи

Новата кампања на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ предизвика револт кај корисниците на социјалните мрежи кои со повеќе твитови и фејсбук статуси изреагираа на пораката на кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој гласал за ВМРО-ДПМНЕ  знае дали гласал и зошто гласал

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој гласал за ВМРО-ДПМНЕ знае дали гласал и зошто гласал

Заев и неговите поддржувачи и понатаму се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека креираните материјали ги добиле од патриоти, а не од измамници и соработници на странска разузнавачка служба, кои во целост ја признаа вината, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кој објав неколку сета од разговори меѓу високи

(ВИДЕО) Заев: Еве ви докази, слушнете како Груевски местел и крадел избори!

(ВИДЕО) Заев: Еве ви докази, слушнете како Груевски местел и крадел избори!

Интегрален транскрипт од пресот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев: Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните грабежи што го прави Никола Груевски со неколкумина негови соработници. Од скандалозните јасни и конкретни докази ќе слушнете како, во вистинска смисла на зборот, оваа група на власт ГИ МЕСТИ И ГИ КРАДЕ изборите во Република Македонија.  Од денеска, почитувани

Актуелно

Невозможно е никој од надвор да не знаел за добар дел од ова што ни се случувало Невозможно е никој од надвор да не знаел за добар дел од ова што ни се случувало
Солидарност: Ниту ден повеќе за оваа Влада без легитимитет! Солидарност: Ниту ден повеќе за оваа Влада без легитимитет!
ПЦЕР: Згрозени сме од расизмот и омразата на Јанкуловска кон ромите ПЦЕР: Згрозени сме од расизмот и омразата на Јанкуловска кон ромите
Излезе вториот број од “Гласот на студентите” Излезе вториот број од “Гласот на студентите”
Прилепчани до Јанакиески: Со кое лице бе Миле ќе се појавиш пред нас Прилепчани до Јанакиески: Со кое лице бе Миле ќе се појавиш пред нас
Беџети: Како овие луѓе влегувале во црква и се нарекуваат демохристијани Беџети: Како овие луѓе влегувале во црква и се нарекуваат демохристијани
ГОРДЕ!!! ГОРДЕ!!!
„Тренд“ на 24 Вести: Економските проблеми – во тајни разговори? „Тренд“ на 24 Вести: Економските проблеми – во тајни разговори?
Жарко Трајановски:  Кој ќе спроведува истрага? Горде ќе ја истражува и апси Горде? Жарко Трајановски: Кој ќе спроведува истрага? Горде ќе ја истражува и апси Горде?
Заев вети дека ќе се дознае вистината и за пописот Заев вети дека ќе се дознае вистината и за пописот
Жерновски до Јанкулоска:  Имај барем малку достоинство и дај си оставка Жерновски до Јанкулоска: Имај барем малку достоинство и дај си оставка
ГАЛЕРИЈА: #Mоја Македонија предизвика револт на социјални мрежи ГАЛЕРИЈА: #Mоја Македонија предизвика револт на социјални мрежи
(ВИДЕО) Заев: Еве ви докази, слушнете како Груевски местел и крадел избори! (ВИДЕО) Заев: Еве ви докази, слушнете како Груевски местел и крадел избори!
прочитај повеќе
stodasepravi
dosiemakbanka
kozanostra
10411130_792932294116541_3736722072242910650_n[1]

Твит на денот

Copyright © 2013 - сите права се задржани - www.libertas.mk