Етиопија воспоставува преодна администрација во регионот Тиграј

Горниот дом на Парламентот на Етиопија денеска изгласа воспоставување на преодна администрација во регионот Тиграј, каде неделава избија судири помеѓу регионалните и силите на сојузната Влада.

Со тоа Домот на федерациите создава можност за отстранување на раководството во северниот регион Тиграј, кое за сојузната Влада на Етиопија е незаконско.

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед синоќа изјави дека владините сили извршиле воздушни напади врз силите во регионот Тиграј на повеќе локации. Тој истакна дека тоа е само „прва рунда“ од операцијата против силите на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ), и оти нападите ќе продолжат „додека хунтата не одговара пред законот“.

Тигрејците се пет отсто од целокупното населени на Етиопија, но имаат значително влијание во земјата. ТПЛФ доминира во политиката и со силите за безбедност од 1991 до 2018 година, кога е избран Ахмед.

Ахмед минатата година ја доби Нобеловатанаграда за мир поради демократските реформи и мировниот договорот со соседна Еритреја.

Back to top button
Close