ВМРО-ДПМНЕ и натаму на став дека онлајн работењето на Парламентот е неуставно 

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до пладне го немаа добиено предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто би се овозможило вклучување во работата на Собранието на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација. Пратеникот Иван Јорданов на прес-конференција изјави дека по ова прашање нивниот став е непроменет.

– Досега до нас како пратеници нема стигнато никаква иницијатива, ниту предлог за онлајн работа на Собранието. Нашиот став по однос на ова е веќе познат во јавноста, а тоа е дека ова работење е неуставно според членот 69 од Уставот на Република Македонија, рече Јорданов одговарајќи на новинарско прашање.

Според Јорданов, овој член од Уставот јасно прецизира дека Собранието може да работи, да заседава и да одлучува со присуство на мнозинство пратеници од вкупниот број на пратеници.

Back to top button
Close