360° Есмеров: Каде Мицкоски ја гледа поддршката? Членството е паднато од 147 на 45 илјади

Поранешниот претседател на Општинскиот комитет во Центар и амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во партијата и повиците за смена на лидерот Христијан Мицкоски.

„Јас не знам каде Мицкоски ја гледа поддршката. Партијата е падната од 450 илјади гласови пред 4 години на 300 илјади гласови. Членството е паднато од 147 илјади до 2017 година, на 45 илјади сега. Во општински комитет Центар членството е паднато од 4.700 на 780 луѓе. Каде е поддршката? Емпириски, односно по негово математички се докажува дали има поддршка или нема. Особено во машкиот дел од популацијата кукавичлук е ако не го признаете поразот и ако не го слушнете гласот на тој што ве поразил. Нас ни испорачуваат негативни резултати на 4 изборни циклуси“, вели Есмеров.

Тој потсетува на трите работи кои ги ветил Мицкоски пред да го преземе водењето на партијата.

„Првата работа е дека ќе го сплоти членството и ќе ги спречи расколите. Втората работа е ќе ја поправи ситуацијата и кредибилитетот на ВМРО пред меѓународната заедница и третата работа е дека ќе го зголеми коалициониот капацитет. Што од овие три работи е направено“, прашува Есмеров.

Back to top button
Close