Путин предупреди на „зголемената“ закана од нуклеарна војна и дека конфликтот ќе трае

Речиси 10 месеци по почетокот на неговата инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин вчера призна дека конфликтот „ќе потрае некое време“, тој исто така предупреди на „зголемената“ закана од нуклеарна војна

Инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа како чисто одбранбено одвраќање.

Државниот секретар на САД Антони Блинкен рече дека „важно е да се разбере низ што поминуваат Украинците секој ден. Тие ќе ја добијат потребната опрема за одбрана на нивната територија, за одбрана на слободата“,

Овој одговор дојде веднаш откако Москва го обвини Киев дека извршил напади со беспилотни летала на три руски аеродроми, од кои два се на стотици километри од Украина.

Back to top button
Close