5 мина од 7 те осомничени за делчевските ниви – 30 дена притвор,1 во домашен

На Д.Ќ, му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи, а на обвинетата М.И. ѝ определи мерки за претпазливост

Судија на претходна постапка вечерва им одреди мерка притвор на пет од седумте осомничени лица за шемата со продажба на ниви во Делчевско.

Како што соопштија пред малку од Основниот кривичен суд Скопје, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

На Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, поради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи.

Прифатен е предлогот на обвинителството со кој на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Back to top button
Close