Собјанин: Москва подготвена за вакцинација, почнува пријавување на граѓаните

Граѓаните на Москва од денеска ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, а пунктовите за имунизација ќе бидат отворени од утре, изјави градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.

Тој нагласи дека први ќе се вакцинираат здравствените, просветните и социјалните работници.

Собјанин истакна дека листата ќе биде проширена во следните неколку недели, кога ќе пристигнуваат повеќе серии од вакцината.

Како што наведе, пунктовите за вакцинација ќе бидат опремени со медицински ладилници, а персоналот поминал специјална обука.

– И пред се треба да им се обезбеди вакцина на граѓаните кои спаѓаат во риќична група, порача градоначалникот на Москва.

Собјанин додаде дека рускиот претседател Владимир Путин побарал да се почне со масовно вакцинирање против коронавирусот следната седмица.

Back to top button
Close