Орбан: Подготвени сме да се бориме со коронавирусот до крајот на 2021 година

Со сегашната здравствена состојба, унгарскиот здравствен систем е подготвен да се бори против коронавирусот во текот на целата 2021 година, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Кризата нема да заврши пред крајот на 2021 година, рече Орбан.

Тој додаде дека може да има некои полесни периоди по првиот круг на вакцинација и оти состојбата ќе се подобри по масовната вакцинација, „но ќе треба уште 12 месеци за работите да се вратат во нормала“.

Орбан го назначи Золтан Јене, од Универзитетот во Печ, за директор на новото тело за борба против коронавирусот и ангажираше уште четворица заменици.

Премиерот на Унгарија им се заблагодари за преземањето одговорност во најтешките моменти.

Back to top button
Close