Полекувањето на Законот за надворешни работи е да не се прават изговори за натамошно блокирање, нагласи премиерот

– Повлекувањето на Законот за надворешни работи го правиме за понатаму да не се прават изговори за блокирање и тоа е отстранување на една алатка за блокирање, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

-И реално НАТО сертификатите кои се воведени како новина се важна причина за сертификацијата на амбасадорите кои одат во земји-членки на НАТО и верувам дека од тој аспект тоа еден нов момент на кој се насочуваме, рече Заев.

Потсети дека вчера пратениците од парламентарното мнозинство донесоа одлука за повлекување на Законот, и тие како Влада ќе ја почитуваат.

-Овој закон беше поднесен и во минатиот парламентарен состав и тогашниот и сегашен претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски немаше проблем. Впрочем и додека бил министер се пуштени амбасадори со двојни држвјнаства, се поставени министри во минатите влади со двојни државјанства и слично, рече Заев.

Истакна дека кога станува збор за двојни државјанства, не треба да се избрзува. – Ние имаме огромна дијаспора, тоа е нашиот најголем амбасадор, тоа се едни од најголемите инвеститори во државата, тоа се нашите сограѓани кои живеат во дијаспората, тие се најголемите доставувачи на девизните дознаки, најголемите помагачи на граѓаните со некаде околу една милијарда евра или долари годишно во државата, да не избрзуваме, порача Заев.

СДСМ вчера го повлече законот за надворешни работи, од причина како што посочија, дека нема да дозволат внатрепартиската битка во ДПМНЕ да го блокира Собранието. -За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.  Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, посочија од СДСМ. н

Back to top button
Close