Железничката инфраструктура во фокус на средбата на Бочварски и Бомгартнер
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средба со новоименуваниот француски амбасадор во државава Сирил Бомгартнер најавил дека следната година кај нас ќе има силен инвестициски циклус во проекти во железничката инфраструктура и упатил покана до заинтересираните компании од Франција за учество на претстојните повици.
Бочварски го информирал Бомгартнер за капиталните проекти што се дел од инвестицискиот циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата. Ги потенцирал проектите за изградба на железничката линија кон Бугарија на Коридор 8. Исто така, соопшти Министерството за транспорт, амбасадорот се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата, а се однесуваат на регионалното поврзување преку модернизација на патната инфраструктура, гасификацијата, како и со проектите во комуналната сфера.
– Ова е наша прва средба со новоименуваниот амбасадор и ја искористив поблиску да го запознам со инфраструктурните проекти како дел од владината програма 2020-2024 година, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Во разговорот посебен фокус ставив на железничката инфраструктура и проектите поврзани со неа. Со оглед на тоа дека следната година ни претстои силен инвестициски циклус, упатив отворена покана до сите компании од Франција кои се заинтересирани да ја пријават на јавните повици за овие проекти, ја пренесува Министерството за транспорт изјавата на Бочварски.
Министерот за транспорт на средбата упати честитка за изборот на амбасадорот, се заблагодарил за досегашната соработка и ја нагласи потребата од инејзино нтензивирање во понатамошниот период.