(ВИДЕО) Џафери контра Заев за марихуаната: “Не се создадени предуслови, наместо цигари, да пушиме марихуана”

Претседателот на Собранието и Премиерот немаат исто мислење за легализацијата на марихуаната. Џафери вели дека во нашата држава се уште не се создадени предуслови за легализација и рекреативна употреба на марихуаната, пренесува ТВ21.

„Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба“, рече Џафери.

Но, дали ДУИ ќе го блокира овој закон во иднина доколку предлогот стигне во Собранието и дали би можело да се случи да падне владата поради различните гледишта на двата коалициони партнери. Џафери со одговор:

„Нема закон кој не поминал, без разлика дали бил на опозицијата или на мнозинството. За да го блокира законот ДУИ нема потреба да падне Владата, има инструменти во Собранието.“, изјави претседателот на Собранието.

Премиерот е одлучен. Вели дека не е во ред некој да заврши во затвор поради употреба на половина грам природен канабис за рекреативна употреба.

Како позитивни примери премиерот Заев ги спомна Канада, Чешка, Холандија, каде, како што истакна тој, се евидентираат годишни приходи до 55 милиони долари само од ова дејност. Инаку Македонија досега доделила 59 лиценци за преработка на канабисот.

Back to top button
Close