Утре во Србија почнува вакцинирањето против ковид

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека вакцинирањето со вакцината на Фајзер против коронавирус ќе започне утре.

„Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од други вакцини беа испратени на истражување”, рече Вучиќ.

Тој потенцираше дека е многу важно да започне вакцинацијата со цел да се заштитат што е можно повеќе луѓе.

„Утре ќе започне во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години кои настрадаа. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив“, рече Вучиќ.

Тој рече дека ќе се вакцинира и некој од врвот на државата, како сигнал дека вакцината е неопходна и добра.

Back to top button
Close