Австралија: После 30 години решен случај на повеќекратни убиства, убиецот осуден на 40 години затвор

 Австралиецот, познат како „Убиецот од Клермонт“ е осуден на 40 години затвор за убиство на две млади девојки. Со ова завршува еден од најпознатите студени случаи во оваа земја, пишува Си-Ен-Ен.

Џејн Ример, Кјара Гленон и Сара Спирс исчезнаа во 90-тите години откако беа на ноќно излегување. Истражителите не можеа да го решат случајот 25 години. Но, во септември годинава, по седуммесечно судење, 52-годишниот Бредли Роберт Едвардс беше осуден за убиство на вработена во градинката Ример (23) година и адвокатката Гленон (27) години во 1997 година. Тој не беше осуден за убиството на секретарката Спирс (18) чие тело никогаш не беше пронајдено, бидејќи немаше доволно докази.

Тој денеска беше осуден во Врховниот суд во Австралија на 40 години затвор. Донесувајќи ја пресудата, судијата Стивен Хол му рече на Едвардс дека тој е „опасен предатор кој бара ранливи млади жени“.

– Вашите постапки беа однапред смислени, извршени со немилосрдна решеност и без каење за болката и страдањата што ги предизвикавт“, рече Хол. Тој додаде дека Едвардс најверојатно ќе умре во затвор.

Меѓу граѓаните на Перт, исчезнувањето на овие жени предизвикало голем страв. Сите три последен пат биле видени во раните утрински часови откако ја минале ноќта во забава во областа Кларемонт, која дотогаш се сметаше за безбедна.

Телата на Ример и Гленон беа пронајдени во грмушките неколку недели откако исчезнаа. Двете починале од повреди здобиени во вратот од остар предмет.

Спирс, пак, последен пат била видена во раните утрински часови на 27 јануари 1996 година. Нејзиното тело никогаш не беше пронајдено, но како што беше речено за време на судењето, нема индикации дека е можно се уште да е жива.

Случајот со трите жени не беше решен со децении, но потоа, во 2016 година, полицијата дошла до нови сознанија. Таа година, Едвардс беше уапсен за две силувања, а неговата ДНК беше поврзана со убиствата во Кларемонт, односно ДНК пронајдена под ноктите на Гленон. Исто така, влакната пронајдени на телата на Ример и Гленон се совпаѓаа со оние земени од автомобилот на Едвардс, што укажува на тоа дека биле киднапирани со тоа возило

Back to top button
Close