Во Сингапур регистриран новиот позаразен вид на коронавирус
Властите во Сингапур го потврдија првиот случај на новиот, позаразен вид на коронавирус, што првпат се појави во Англија.
Според Министерството за здравство, станува збор за тинејџер (17), кој студирал во Велика Британија, а националната лабораторија за јавно здравје испитува можни нови случаи на Ковид-19 од патници кои пристигнуваат од Европа.
Вкупно се разболеле 31 лице од Европа, кои пристигнале во Сингапур во периодот од 17 ноември до 17 декември, а 12 од нив сигурно не биле заразени со многу заразниот вид Б117