Лабуристичката партија најави одговор на Договорот со ЕУ

Британската опозициска Лабуристичка партија денеска соопшти дека во целост ќе одговори на трговскиот договор со Европска Унија.

– Од изборите Лабуристичката партија апелираше до Владата и ЕУ да обезбедат трговски договор,, бидејќи тоа е во национален интерес, изјави портпаролот на лабуристите.

Тој додаде дека Лабуристичката партија набрзо ќе ги даде формалните одговори на трговскиот договор.

Трговскиот договор е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ.

Back to top button
Close