Состанок на амбасадорите на ЕУ за договорот со Лондон

Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за трговскиот договор за напуштањето на Велика Британија на Унијата.

„Германското претседателство со Советот на ЕУ свика состанок во 10.30 часот. Амбасадорите на ЕУ почнуваат да го разгледуваат договорот меѓу ЕУ и Велика Британија“, објави портпаролот на ЕУ на Твитер.

Велика Британија и Европската унија вчера постигнаа трговски договор, само една недела пред крајот на преодниот рок за брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Back to top button
Close