Николоски: Законот на Заев за ГАМА е скандалозен и затоа власта бега од јавноста

Пратеникот и потпретедател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“  се освнра на како што реше спорниот закон за кој расправа Собранието во доцните вечерни часови, а се однесува на претпријатието ГАМА.
„На мала врата, на неколку дена пред Нова година и после полноќ на Божиќ по Грегоријански календар, владата на Заев сака да протурка шверцерски еден закон кој се однесува на ГАМА кое е државно претпријатие за гас. Постои долгогодишен спор меѓу државата и претпријатието и тој спор го воделе многу премиери. Сега дојде Заев и реши да се повлече од судските спорови. Во законот проценета вредност на ГАМА е 36 милиони евра, значи толку вложила државата, а согласно договор државата и приватната компанија имаат пола пола, иако се судат толку време за тоа кој е доминантен сопственик.  Значи сега државата доброволно одлучува да се повлече и да не е сопственик.  Претпријатието вреди 36 милиони евра или и двете страни имаат по 50 проценти се вели во првиот член, а за веќе  следниот член да вели државата се согласува да ги откупи за 34 милиони евра. Значи тоа што велат дека чини 18 милиони го купуваат за 34 милиони евра“, рече Николоски. Според него има два спорни моменти, прво државата се откажува од судски процес и второ, она што го поседува го купува за 34 милиони. „Прашањето е дали државниот правобранител се согласил на ова, зошто мора да има дозвола за ова државниот правобранител. Или тој одлучил да не даде согласнот и Заев реши да оди со закон. Заев бара Собранието да го  овласти да го потпише договорот, него му треба колективна одговорност. Собранието е законодавец и колективно тело и ова е противуставно“, кажа Николоски. Според него поради сите овие спорни моменти власта сака да се расправа до утре изутрина и да се усвои законот далеку од очите на јавноста, и додаде тие „знаат дека ова е скандалозно и бегаат од јавноста“.

Back to top button
Close