Уште 602 казни за неносење маски
– Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава санкционирани се 602 граѓани за непочитување на мерката за носење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.