Штипската болница објави оглас за вработување на лекари, медицински сестри, болничари

Штипската клиничка болница го објави огласот за прием на 17 здравствени работници и технички персонал. Огласот е објавен вчера и заинтересираните веќе можат да аплицираат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека огласот е за вработување на медицински сестри, болничари, физиотерапевти и по еден специјалист неуропсихијатар, психолог и стоматолог.

– Огласот го објавивме вчера. За болничарите рокот за пријавување е три работни денови, додека за останатите е пет работни денови. Согласноста од страна на министерствата ја добивме во текот на годината, но поради изборите во Штип, можевме да го распишиме оваа недела – вели Ѓеорѓијев.

Тој истакнува дека со новиот План и програма за работа на Клиничката болница и за наредната година се предвидени нови вработувања во овој регионален болнички центар. Очекува наредната недела до 31 декември да пристигне и одговорот од Фондот за здравство за буџетот на болницата за 2021 година. 

Back to top button
Close