За патување во Турција задолжителен ПЦР тест

Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми  за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.

Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците не покажат негативен тест ќе бидат ставени во карантин.

Досега за патување во Турција не беше потребен негативен тест.

Додека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Данска
и Јужна Африка ќе мора да покажат негативен тест и да бидат најмалку седум дена во карантин, додека повторно не се тестираат.

Турција е една од земјите со највисока стапка на инфекција во светот, со неделен просек од 20.000 новозаболени дневно. Од последици на Ковид-19 починаа 19.371 лице.

Back to top button
Close