Кочанчани на масовен протест пред фабриката за хартија поради загадениот воздух

Со пораки „Сакаме чист воздух за нашите деца“ и „Стоп за Пејпер Мил и загадувачите“ жители на Кочани со блокади на патот по четврти пат на улица со блокади побараа затворање на фабриката за хартија, поради како што велат, енормно загадување на воздухот.

Ова е четврто по ред собирање пред фабриката или, односно пејпер кил, како што го нарекуваат граѓаните на Кочани.

Пред фабричката капија и кордонот полицајци порачаа дека почнуваат со порадикални мерки против нивниот загадувач. Два часа ја блокираа улицата, која води до фабричкиот оџак, од којшто секојдневно гледаат како излегува чадот. Бараат и судска разрешница.

Тврдат дека и покрај казната од 20.000 евра, што ја заработи „Пејпер Мил“ од државниот инспекторат за екологија си продолжува по старо, а последните две мерења покажуваат загадување на воздухот над дозволените параметри.

Back to top button
Close