Ако малите хидроцентрали не се спорни за државата, не се ни за МПЦ!
Црквата во моментов располага со одредени финансиски средства и сметавме дека е добро тие да не седат така туку да се вложат во нешто, за да се оствари добивка – одговори Владиката Тимотеј на прашањето на Слободен Печат кои се мотивите на МПЦ-ОА да влезе во бизнис со мали хидроцентрали, кои во последно време предизвикуваат контроверзи поради евидентното негативно влијание врз животната средина.
– Зошто контроверзен – праша Митрополитот Тимотеј и додаде дека, ако овие проекти се одобрени од државата, Црквата нема причина да ги гледа како проблематични.
Пред неколку дена медиумите објавија информација дека Македонската Православна Црква – ОА се јавува како содружник во фирма за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов Дол, заедно со Сретен Миладиноски запишан како управител, Александар Аврамовска, на чија адреса е регистрирано седиштето на правното лице и Слободан Јовески и „Жито Караорман АД Кичево“. Миладиноски, кој е професор на МИТ Универзитет е и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.
Повеќе на Слободен печат на следниот линк.