Васил Гарванлиев вечерва ќе настапува шести по ред
Македонскиот претставник на годинашната Евровизија, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапува шести по ред, на првата полуфинална вечер.
Во конкуренција му се држави кои традиционално изминатите десет години се пласираат во финалето, така што, очекувањата се многу големи, откако синоќа веќе жирито ги даде своите гласови за нашиот изведувач, кои ќе бидат објавени доцна вечерва.
Гарванлиев во изјава за тв 24 од „Ахој” арената во Ротердам, Холандија, зборува за симболиката на својот настап.