СДСМ: Кој го мести Мицкоски, фирмата што должи пари е на негов бизнис партнер
Кој во белата палата го мести Христијан Мицкоски? Фирмата „Дравас Инженеринг“ којашто е на листата на должници на УЈП, а за која ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува, e на Драги Василев, партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали, реагира СДСМ откако денеска портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави дека фирми на Зоран и Вице Заев должат милион и 220.000 евра за данок на државата.
„Од основање, Драги Василев, познат како Драги Минка е управител на оваа фирма за која зборуваат на прес од Белиот дворец. Оттука, прашањата може Мицкоски да му ги постави на неговиот партнер во хидроцентралите. Листата на должници на УЈП е транспарентна, јавно се објавува и без исклучок се постапува согласно Законот“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Како што рече Стоилковски, „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица има неплатен данок од 41 милион 325.000 денари, а „Сара инженеринг“ ДОО Струмица има неплатено 33 милиони 812.000 денари.