Османи-Рау: За Полска нема дилема дека Северна Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ
Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратегиска цел на земјата и императив за целиот регион.
На разговорот, како што соопшти МНР, во преден план биле токму евроинтеграциските процеси на Северна Македонија. Османи се заблагодарил за поддршката и истакнал дека остануваме посветени на доследна имплементација на реформската агенда, како и на активностите за унапредување на добрососедските односи, со посебен фокус врз Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка и отстранување на постоечките разлики.
„Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо на реформската агенда, ставајќи посебен акцент на реализацијата на акцискиот план за мултисекторска соработка и надминување на постоечките разлики со нашите пријатели од Бугарија. Во овој контекст, искажувам благодарност традиционален повеќедецениски пристап и поддршка од Република Полска, како и на целата В4 група, која во континуитет даваше безусловна поткрепа на нашиот евроинтегративен пат. Морам да нагласам дека европската интеграција има позитивно влијание на процесот на трансформација на нашето општество, а згора на тоа претставува и трајна инвестиција во мирот и стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на цела Европа и е во интерес на сите земји-членки поединечно –истакнал Османи
Двајцата шефови на дипломатиите разговарале и за соработката во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со која Полска ќе претседава во текот на 2022 година. Соработката, истакнуваат од МНР, добива на значење ако се земе предвид дека Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023.
Османи во Полска се сретнал и со претседателот на комисијата за надворешни и ЕУ работи во полскиот Сенат, Богдан Клих, со кој дискутирале главно за претстојната европска агенда на Северна Македонија