Конечно се поставува елката на плоштадот во Скопје

Четиринаесет дена пред Нова година конечно почна да се поставува новогодишната елка на Плоштадот Македонија во Скопје.

Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека градот ќе почне да се украсува од 10 декември, сепак украсувањето почна дури денеска.

-Украсувањето согласно најавите и меморандумот се реализира и истото нема да има никакви импликации врз буџетот на Град Скопје. Ќе биде украсен плоштадот Македонија, централното градско подрајче, улица Димитрија Чуповски и булевар Илинден, е одговорот од Град Скопје без да се прецизира зошто градот досега не беше украсен.

Арсовска претходно го раскина договорот од 243 илјади евра склучен со „Линк Медиа“, во октомври годинава и ги повика компаниите со донации да го украсат главниот град.

Back to top button
Close