Избор на нов шеф на Вишото скопско јавно обвинителство одложено за понеделник
Официјалното образложението беше дека на членовите им било потребно дополнително време за да ги разгледаат оценките и досијеата на пријавените кандидати

Во ,,трката” за шеф на ова обвинителство се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. И двајцата беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.
Седницата за избор се одложи за следниот понеделник.
На денешната седница беше донесена одлука за именување на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Тој ја доби целокупната поддршка од членовите на Советот.
Членовите, Коле Штерјов и Љубомир Јовески истакаа дека Абази се покажал како добар менаџер и во Вишото обвинителство во Гостивар, бидејќи откако стапил на функцината за краток период се решиле сите стари предмети кои се трупале со години.






