Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да стигне кон крајот на овој месец, најавува Тошковски

До крајот на овој месец се очекува да стигне поголема пратка на обрасци за пасоши, најави министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Онаа количина на обрасци за псоши, со која сега располага Министерството за внатрешни работи, како што рече Тошковски е доволна за да се задоволи издавањето само на мал дел од барањата кои се поднесени со итна постапка.

„Нема доволно обврсци во моментот за задоволување на потребите на граѓаните. Од она што го имаме може да задоволиме само мал дел од итните постапки. Обрасци нема затоа што наместо планирањето да биде на вкупен број на државјани кои имаат право на македонски пасош, планирањето било на вкупен број на присутни граѓани во земјата. Сега одиме со процес на молење на добавувачот да ни достави колку може порано“ рече Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Според Тошковски, со пратката која се очекува до крајот на овој месец, ќе се комплетираат 250 илјади обрасци, а наредната пратка, рече дека ќе биде кон крајот на јуни или почетокот на јули

Back to top button
Close