Муртезани: Немаме официјално известување дека Македонија се одвоила од Албанија на патот кон ЕУ

Официјално се уште немаме најава“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани за „ТВ21“.

Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио (БНР).

Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ.

Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“.

 

 

Back to top button
Close