Енди Мари е нов тренер на Новак Ѓоковиќ!


Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, започна соработка со својот долгогодишен ривал и пријател, Енди Мари, кој му се приклучи на неговиот тим како тренер.

Договорот е постигнат во пресрет на правење стратегија за следната сезона, со фокус пред сè на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл. Досега го освои трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.

– Возбуден сум што еден од моите најголеми ривали ќе биде со мене на истата страна од мрежата, овој пат како мој тренер. Со нетрпение очекувам да ја започнеме сезоната заедно со Енди и тој да биде со мене токму во Мелбурн, каде што споделивме многу исклучителни моменти во текот на мојата кариера – изјави Ѓоковиќ.

По завршувањето на првиот Гренд слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мари ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.

– Ќе му се приклучам на тимот на Новак во подготвителниот период, помагајќи му да се подготви што подобро за Австралија Опен. Многу сум возбуден поради тоа и со нетрпение очекувам да бидам на истата страна од мрежата за промена, и благодарен сум за можноста да му помогнам да ги постигне своите цели во наредната година“, рече Мари, три годишен кратен Гренд слем шампион, петкратен финалист на Австралија опен, поранешен светски рекет број еден на АТП турнејата и освојувач на златен олимписки медал.

Back to top button
Close