АА: Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит, остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме
Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности, велат во соопштение од Алијанса за Албанците.
„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ.
Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти.
Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, велат во соопштението