Закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје – ќе се одлучува за зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници

Предлогот за зголемување на цената од 70 на 100 денари за изминат километар вчера го дадоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со приватните превозници, со цел решавање на проблемот со јавниот превоз

За денеска во 13 часот закажана е вонредна седница на Советот на Град Скопје на која советниците ќе расправаат за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници.

Предлогот за зголемување на цената од 70 на 100 денари за изминат километар вчера го дадоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со приватните превозници, со цел решавање на проблемот со јавниот превоз.

Приватните превозници добија предлог за 100 денари по изминат километар, се чека вонредна седница на Советот на Град Скопје

По вчерашната средба со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, приватните превозници излегоа задоволни од понудениот предлог за зголемување на цената по изминат километар. Сепак, одлучија и денеска да не возат. Потенцијално враќање на скопските улици најавија за в понеделник, до кога очекуваат советниците да го изгласаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на цената за изминат километар.

Приватните превозници и денеска не возат, можно враќање во сообраќај најавуваат в понеделник.

Back to top button
Close