Поминаа три недели од исчезнувањето на Лидија: Да можев, сам ќе влезев во Вардар и ќе ја барав

Три недели во агонија живее семејството на скопјанката Лидија Трајковска (43), на која и се изгуби траг на осми ноември, кога рано наутро излегла од својот дом и се упатила во непознат правец.

0

Исчезнувањето на жената, која е сопруга, мајка и баба, вработена во месара во Тинекс, а од блиските опишана како одговорна и семејна жена, на почеток беше во центарот на вниманието на јавноста. Но, како поминува времето, а од Лидија нема траг, веќе и случајот како да паѓа во заборав од пошироката јавност и се поретки се насловите во медиумите со нејзиниот случај.

Што се случило со неа, останува мистерија повеќе од дваесет дена.

Братот на Лидија, Александар Јоциќ за „Фокус“ вели дека не е задоволен од тоа како напредува истрагата. Раскажува дека семејството е во една безизлезна ситуација и прашува дали самите тие треба да ја бараат Лидија, без помош од институциите.

-Барам да се пребара детално и темелно коритото на реката Вардар, во делот каде беа пронајдени нејзините цигари и запалка. Да можев, сам ќе влезев внатре во водата и ќе барав!

Очекував да бидат испратени цели нуркачки тимови, со сонди да се пребара, да се бара константно насекаде со дронови, со кучиња трагачи! Нејасно е како една институција нема кучиња обучени за потрага по исчезнати лица. Имаат кучиња тренирани за потрага по дрога, но не и по луѓе! Дури и прашував од каде можам јас да купам дресирано куче за потраги, до толку сме во безизлезна ситуација.

повеќе

Back to top button
Close