Европските социјалисти го поздравија доворот за социјалдемократска влада преводена од Заев
– Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска го поздрави коалицискиот договор постигнат вчера помеѓу СДСМ и ДУИ со кој лидерот на Социјал-демократите Зоран Заев се враќа на позицијата премиер на Северна Македонија.
– Ова е одличен момент за Северна Македонија. Под постојаното раководство на Зоран Заев, земјата сега може да продолжи по својот демократски, европски пат. Го поздравуваме постигнатиот договор и се надеваме дека ќе биде брзо спроведен, така што новата влада предводена од Зоран Заев може да биде одобрена од парламентот и ќе може да почене со работа, вели претседателот на ПЕС Сергеј Станишев.
СДСМ и Зоран Заев, додава тој, беа движечката сила зад позитивните промени во Северна Македонија.
– Благодарение на нив, невработеноста се намали, социјалните услови се подобрија, а Северна Македонија влезе во НАТО и го расчисти патот за идното пристапување во ЕУ. Европското социјалдемократско семејство е целосно посветено на поддршката на Зоран Заев, новата влада и цела Северна Македонија бидејќи го прави своето патување кон прогресивна, европска иднина, нагласува лидерот на ПЕС.
Во објавата на веб страницата на ПЕС се наведува дека новата владина платформа сега ќе биде доставена за одобрување во парламентот. Воедно, се додава дека, како дел од договорот за коалицирање Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети рекоа оти нивното партнерство ќе го продолжи евроатлантскиот пат на земјата и внатрешните реформи.