Централното претседателство на ДУИ даде пас за новите министри

Централното претседателство на ДУИ даде пас за новите министри во владата која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев. Лидерот на ДУИ Али Ахмети по состанокот кој вечерва се одржа во ресторан во Тетово, место како вообичаено во штабот во Мала Речица, од безбедносни причини заради почитување на протоколите од пандемијака Ковид-19, ги повтори заложбите на новата влада со СДСМ и коалицијата Можеме и ДПА дека ќе работи на поглавјата за ЕУ интеграција на земјата, прочистување на судството, битка со криминалот и корупцијата.

Ахмети на новинарите им ги соопшти имињата на министрите во владата, кој вчера и денеска се вртат во медиумите. Потврди дека Министерството за надворешни оди во нивни раце и ќе го предводи Бујар Османи досегашен вицепремиер во владата за евроинтеграции. потпредседател на влада и министер за политички систем Артан Груби. За економија Крешник Бектеши за финансии Фатмир Бесими за екологија досегашниот министер Насер Нуредини. Ахмети соопшти дека партијата се уште размислува околу кадровското решение за миинистер за информатичко општество и администрација за кое рече многу брзо ќе биде познато.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close