Велика Британија денеска ќе ја отстранува Хрватска од списокот на безбедни земји

Хрватска може да се отстрани од британскиот список на безбедни дестинации, откако во земјата се регистрирани случаи на увезен коронавирус од Хрватска, пишува „Гардијан“.

Весникот наведува дека британската Влада најверојатно ќе ја отстрани Хрватска од списокот поради големото зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19.

Доколку се донесе оваа мерка, секој што ќе влезе во Велика Британија од Хрватска ќе мора да биде во 14-дневен карантин.

Одлуката се очекува денеска, а доколку се случи ќе бидат погодени илјадници британски туристи кои во моментов престојуваат во Хрватска.

„Гардијан“ пренесува дека официјални лица од владиниот Заеднички центар за биосигурност идентификувале одредени случаи на коронавирус што во Велика Британија биле увезени од Хрватска.

Не е познато колку случаи се потврдени, ни каде, но се тврди дека бројот на увезени случаи од Хрватска е на слично ниво со бројот на потврдени случаи увезени од Шпанија, пред оваа земја за само неколку часа да биде отстранета од безбедниот список, што потоа им предизвика големи проблеми на многу туристи. сд/

Back to top button
Close