Сите родители на деца до 10 години и од септември ќе бидат ослободени од одење на работа
Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа како и досега, во рамки на мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Одлуката на Владата за ослободување на работа на еден родител на дете до 10 години ќе се продолжи и од септември и ќе важи и за оние родители чии деца ќе одат на училиште, бидејќи како што објаснуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за образование, часовите ќе бидат скратени.
„Часовите во основните училишта ќе траат 30 минути. Целодневна настава не е предвидена, со оглед на одлуката родителите да бидат ослободени од работа со присуство на своето работно место“, велат од Министерството за образование.
Децата од прво до трето одделение кои ќе се одлучат да одат на училиште ќе треба да носат оброк од дома. Ако постои можност училиштето да набавува оброк, од Министерството објаснуваат дека потребно е да биде тоа да биде готов производ соодветно спакуван кој одговара на стандардите за исхрана на возраста на децата.
Повеќе на СДК тука.