Превирања во ДУИ: Виси мнозинството во Собранието и изборот на Џафери за спикер?!
И покрај најавата која доцна синоќа стигна лично од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека Талат Џафери денеска ќе биде реизбран за претседател на Собранието, продолжувањето на конститутивната седница сè уште официјално не е закажано. Собраниски извори велат дека партиите се координираат, но никој не знае кога ќе продолжи конститутивната седница и дали тоа воопшто ќе се случи денеска.
„360 степени“ се обиде да стапи во контакт со пратениците Меџити и Зибери, со спикерот Талат Џафери, како и со кандидатите за министри Груби и Османи – сите кадри на ДУИ. Но, никој не одговори на прашањата дали причината за тоа што се уште не е закажано продолжение на конститутивната седница се внатрепартиските превирања во ДУИ.
Поврзано:
Чаир и Сарај го бојкотираа состанокот на ДУИ, причина позициите на Груби и Османи