Во карантин полицајци и уапсени лица од атинска полициска станица

Во 14-дневен карантин се шест полицајци и сите упасени лица кои биле во притвор во атинската полициска станица „Омонија“, откако еден уапсен Албанец кој требало да биде депортиран од Грција, било потврдено дека е позитивен на коронавирусот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот утрово имал покачена температура, бил пренесен во болница и тестиран за Ковид-19, а по позитивниот резултат во карантин се сите шест полицајци кои биле во контакт со него, како и останатите уапсени во полициската станица.

Back to top button
Close