Писонеро: Изградбата на оградата меѓу Србија и С.Македонија не е дел од договор со ЕУ

– Европската унија негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро, изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.

– Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ, истакна Писонро.

Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни илегални преминувања.

Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договор со ЕУ.

– Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи.

Локалните власти во Прешево информираат дека оградата треба да биде долга 147 километри и оти според најавите од власите во Белград, таква бариера ќе се псотави и на границата со Бугарија.

Српската Влада заега официјално не се изјаснила за поставувањето на оградата на границата со Северна Македонија.

Македонските власти, пак, тврдат дека поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава

Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во Скопје.цр/са/

Back to top button
Close