Лукашенко: Ќе ја средиме ситуацијата во следните денови

– Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека ќе ја реши ситуацијата во земјата во наредните денови.

– На некои луѓе не им се допаѓа ситуацијата во Минск и на други места, што е природно. Но, тоа не треба да ве загрижува, тоа е мој проблем што треба да го решам и што ќе го решам. И верувајте ми, ќе го решиме во наредните денови, рече Лукашенка. за време на разговорите со земјоделските работници, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, оцени дека состојбата во земјата е исполитизирана и не треба да се смета за катастрофа.

Back to top button
Close