Паркингот на Средно Водно викендот го искористиле 354 возила
Над 350 возила последниот викенд го користиле паркинг просторот на Средно Водно. Град Скопје соопшти дека точната бројка е 354 возила, односно зонското паркирање во Средно Водно, според нив е воведено како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.
– Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира, соопштија од Град Скопје.
Воедно, оттаму апелират до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.