Глигоровска: Одбивање на тестирање причина за зголемен број заболени од Ковид-19 во Делчево
– Опуштање на граѓаните, непочитување на препораките и одбегнување на тестирање за присуство на Ковид-19. Ова според директорката на делчевскиот здравствен дом се трите главни причини за големување на бројот на заболени од коронавирус во Делчево и М.Каменица каде за само два дена беа регистирирани 20 нови случаи. Бројката на активни случаи пак, во моментот изнесува 77.
-Малку повеќе сме разочарани од односот на граѓаните, ние сами си допринесовме за оваа состојба, се опуштивме малку повеќе. Знаете дека првите месеци со месеци немаше ниту еден случај со Ковид-19. Се почна од опуштањето на младите кога се опуштија со забавите по кафеаните, но да не ги осудуваме само нив, сите ние сме еднакво криви за тоа, маски не се носеа, дистанца не се почитуваше и еве дојдовме во една ваква ситуација да имаме многу позитивни. Покрај тоа што имаме асимптопатски случаи се доведовме во ситуација да имаме многу заболени. Токму денес имаме еден заболен што ќе биде згрижен во болнички услови, така да тоа е малку повеќе загрижувачки за Делчево, рече Глигоровска.
Еден од поголемите проблеми што ги посочи директорката на делчевската здравстевена установа е тоа што одбиваат да се тестираат граѓани кои веќе имале веќе закажани тестирања, а биле во контакт со болен.
Додаде дека многу пати се случувало пациентот да не оди на тестирање под изговор дека нема кој да го вози или такситите не сакаат и така натаму, појасни директорката.
Појасни оти разговарала и со јавниот обвинител и полицијата и како што рече, ако продолжи овој тренд на неодење на закажано тестирање од страна на сомнителни случаи, ќе има посебни санкции и отсега натаму ќе бидат пријавувани
– Значи многу пати се случувало пациентот да не оди за тестирање под изговор дека нема кој да го вози или такситите не сакаат и така натаму. Заради ова ние пробавме и нешто друго, во договор со Центарот за јавно здравје, ние да им земаме брисеви тука и да ги носиме на испитување. Почнавме првиот ден, земавме пет брисеви, наше возило ги однесе тестовите за да не одат пациентите, пробавме да го работиме тоа, но наредниот ден некој не сакал да му се зема брис тука. Тоа е непопуларна мерка непријатна и жал ми е што морам да го кажам тоа, меѓутоа не знам како размислуваат тие луѓе, го загрозуваат целото општество, граѓанството, и пред се себеси, рече директорката.
Во однос на состојбата во М.Каменица, Глигоровска додаде дека досега нема хоспитализиран случај од овој град.
-Таму имаме подруга ситуација, имаме соработка односно рудникот кој си има посебна служба откако се појави пандемијата, така да тие реагираат многу ефикасно. Знаете дека Каменица 90 проценти од населението има по некој вработен во рудникот они веднаш го изолираат и таму малку се попослуѓни граѓаните кога се во изолација. Инаку и таму има малку криење, посебно од луѓето што беа присутни во Каменица за време на одбележувањето на празникот Голема Богородица, луѓе од Италија кои се криеле, а кога одат во Италија кажуваат дека биле позитивни поради што веќе е направена штетата и е доцна за реакција. Меѓутоа во М.Каменица имаме малку порелаксирачка состојба и мислиме дека полесно ќе се справиме со вирусот таму, додаде Глигоровска.