Кочани го одбележува Денот на ослободувањето
– Со полагање свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата, почна одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Кочани.
По повод Денот на ослободувањето, вечерва на Споменикот на слободата, Советот на Општина Кочани ќе одржи свечената седница на која, на овогодишните добитници – Наталија Теодосиева и Васил Ангелов, ќе им бидат доделени највисоките општински награди за значајни оствaрувања и за животно дело.
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во празничното обраќање пред присутните ќе направи пресек на реализираните проекти во периодот меѓу двата празника.
На седницата ќе им бидат врачени благодарници за поддршка во реализацијата на проекти во Кочани, а учениците на генерацијата ќе ги примаат традиционалните награди од градоначалникот.
По завршувањето на свечената седница, со монодрамата „Лидија, или сѐ што знам за жените“ на Тихомир Јанчовски, ќе почне 57. Драмски аматерски фестивал, чии содржини ќе бидат распоредени до средината на октомври.