Вјоса Османи го напушти Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК)
– Претседателката на косовскиот Парламент, Вјоса Османи, ја прекина соработката со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), додавајќи дека е предоцна партијата на Иса Мустафа да побара поддршка од неа во случај на вонредни избори, јави приштинскиот „Индексонлајн“.
Порталот синоќа јави дека Османи кажала дека е тоа нејзиниот одговор на одлуката на ЛДК од 20 јуни, кога беше сменета од позицијата потпретседател на партијата.
-Тука заврши се, рече Османи.
Таа, исто така, ја оставила отворена можноста за соработка со претседателот на движењето Самоопределување, на Албин Курти.
-Контактираме и разговараме за различни теми за соработка, и како оваа соработка ќе се конкретизира во иднина ќе Ве информиран кога се ќе биде потврдено, рече Османи, пренесена од порталот „Кос Сев“.
Османи во јуни беше сменета од позицијата потпретседател на ЛДК и член на претседателството на партијата. Предлогот за разрешување го поднесе лидерот на партијата Мустафа, затоа што, како што изјави тогаш, таа одби да гласа за уривање на владата на Албин Курти и истовремено одби да гласа за формирање на новата влада предводена од Авдулах Хоти. Сд/