Градот Белград ќе организира пречек на Новата 2021 година

– Заменик-градоначалникот Горан Весиќ денеска изјави дека градот Белград ќе организира новогодишен пречек и дека во наредниот месец ќе бидат познати повеќе детали за тоа како ќе изгледа прославата за време на епидемијата на коронавирусот, која ќе може да се следи преку социјалните мрежи.

Како што објави Блиц, Весиќ на прес конференција рече дека бројот на луѓе и организацијата на пречекот на Новата година ќе зависат од епидемиолошката состојба и мерките што ќе бидат во сила.

– Белград нема да се откаже од организирање на новогодишната прослава, бидејќи тоа е белградски бренд. Во следниот месец, ќе се подготвиме за таа организација, а како ќе изгледа, зависи од епидемиолошките мерки, рече Весиќ.

Back to top button
Close