Премиерот на Франција Жан Кастекс веднаш ќе биде тестиран за Ковид-19

Претседателот на француската Влада Жанс Кастекс ќе биде тестиран за Ковид-19, откако се утврди дека бил во контакт со директорот на трката Тур де Фран Кристијан Прудхом, кој е позитивен на вирусот, јави дописникот на МИА.

– Премиерот седеше во автомобилот на директорот на трката Тур де Фран, Кристијан Прудхом во саботата за да ја следи 8-та етапа, на Пиринејите. И двајцата носеа маска и ги почитуваа правилата за дистанца, соопшти неговиот Кабинет, дополнувајќи дека тој веднаш ќе биде тестиран.

Премиерот, кој ја посети Тур де Франс во саботата, е меѓу „случаите на контакт“ на директорот на трката, Кристијан Прудхом, кој беше позитивен на тестот на Ковид-19.

-Се чувствувам физички совршено. Јас ќе продолжам, со примена на правилата, да ја извршувам својата функција како шеф на владата, увери премиерот од Бискарос (Ланд), каде што зборуваше во рамките на парламентарните денови на партијата Модем.

-Затоа ќе ги применам правилата што ги донесе владата и кои ќе ги почитувам скрупулозно. Веќе бев тестиран за да одам на Тур де Франс, како што налага протоколот. Јас очигледно цело време носев маска. Се обидов да ги почитувам мерките за дистанца, објасни тој.

Прашан за можноста шефот на владата да биде заразен, францускиот претседател Емануел Макрон не исклучи веројатност да се одложи владиниот семинар закажан за в среда, или тој да се одржи „преку видео врска со премиерот и можните други случаи на контакт”.

-Ние правиме за нас она што ги замолуваме сите сограѓани да го сторат, доколку бидат идентификувани како контакт случај, подвлече шефот на француската држава.

Back to top button
Close