МТСП: Од 70 градинки со 311 објекти не е отворен само еден, се чека тестирање на вработена за КОВИД-19
Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денеска за прием и згрижување на деца, информира Министерството за труд и социјална политика.
Според информациите што Министерството ги добило од оваа градинка, се чека да се направи тестирање за Ковид – 19 на едно вработено лице, по што, ќе биде донесена одлука за отворање на овој објект.
– Во сите останати детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба , донесен од Владата на 29.05.2020 година, информира Министерството за труд и социјална политика.