Почина едно лице при пад во отвор за лифт
Во зграда на улица „Пушкинова“, каде се изведуваат градежни работи, на лице место починало лицето М.М. (37), откако паднало во отвор каде што се движи лифт.
– На 9 септември 2020 во 09:30 часот било пријавено дека на ул.„Пушкинова“ каде на зграда се изведуваат градежни работи, М.М.(37) од с.Сарај-скопско пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.