СДСМ: Правда достапна за сите, следува намалување на судските такси за физичките лица
СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните.
Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари.
Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци.
Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.
Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните.